Сириец се обидел да пренесе девојка скриена во куфер од островот Хиос во Атина

При контрола на грчката полиција на патниците на пристаништето на островот Хиос, пред тие да се качат на бродот за Атина, бил уапсен 25-годишен странски државјанин кој во куферот имал скриено 22-годишна девојка, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Намерата била девојката нелегално, од грчкиот остров да стигне на атинското пристаниште, а според грчките медиуми, станува збор за двајца сириски државјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e