Силно невреме ја зафати Атина, поплавувајќи дел од улиците, а жителите на неколку населби останаа и без струја. Дождот траеше кратко, но предизвика вистински хаос. Од снимките објавени на социјалните мрежи можат да се забележат бројни возила како пливаат по улиците, кои наликуваат на реки.
Противпожарната служба добила дури 190 повици за помош од поплавите. До противпожарната служба биле во најголем дел за затнати канализации, но имало и такви за помош при заглавени лица во нивните автомобили.