Силен земјотрес во Босна: Жителите од страв на улица

Земјотрес со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала, и проценет интензитет во епиценталната зона од 6-7 степени од Меркалиевата скала, регистриран е денес во 15:11 часот со епицентар на планината Власиќ, соопштуваат од Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Земјотресот посебно ги вознемирил жителите во централното подрачје на БиХ, а федералните медиуми јавуваат дека епицентарот бил 7 километри од Турбет.

На ова место е забележано и најмногу штета, а жителите велат дека паѓале телевизори, пукале ѕидовите, а се рушеле и крововите на куќите.

Медиумите јавуваат дека жителите излегле на улица од страв дека ќе следува посилен земјотрес. Ништо помалку вознемирувачко не било ниту во Мркоњиќ.

„Седев на креветот кога почна се да се тресе. Сите чинии и чаши паднаа на подот“, вели исплашена жителка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e