Штетата на шумските пожари во Русија е 300 милиони долари

Штетата на шумските пожари во Русија оваа година ќе достигне 19 милијарди руби (293,7 милиони американски долари), изјави заменик-директорот на руската Федерална агенција за шуми Михаил Клинов.

– За оваа година штетата се уште не е пресметана. Ако погледнеме, минатата година штетата изнесуваше 19 милијарди рубли. Мислам дека оваа година ќе биде иста, иако пожарите зафатија поголеми области, рече Клинов.

Тој додаде дека пожарите зафатиле претежно тешко достапни области, каде активностите на пожарникарите чинат помалку.

Клинов на 21 август изјави дека штетата од пожарите е седум милијарди рубли (106 милиони американски долари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e