Шкотскиот суд го отфрли барањето на активисти за носење наредба со која ќе се принуди британскиот премиер Борис Џонсон да бара одложување на Брегзит доколку не постигне договор со ЕУ за помалку од две недели.
„Владата прифаќа да води политика согласно Законот од 2019 година. Имајќи го предвид јасно изразениот став на Владата пред судот, нема потреба за принудни наредби за Владата или премиерот“, истакна судијата.
Џонсон повеќе пати се заколна дека Британија ќе го напушти европскиот блок на 31 октомври и оти за него е подобро да го најдат „мртов во ендек“ отколку да побара натамошно одложување.