САД и‘ се закануваат на Русија со сајбер-напади

Односите меѓу САД и Русија натамошно се влошуваат – американскиот потпретседател Џо Бајден најави опомена до Кремљ: можни се контра-хакерски напади. – пишува Дојче Веле.

По најновите хакерски напади врз американски политички институции, владата во Вашингтон наводно размислува да и‘ се реваншира на Русија со фронтален сајбер-напад. Со тоа на руското раководство би му била упатена опомена поради манипулациите во американската изборна кампања, за што се обвинува Москва, јавува ЕнБиСи Њус, повикувајќи се на извори од тајните служби. Американската тајна служба ЦИА наводно добила налог на Белата куќа да и достави предлози за различни опции на тајни сајбер-напади, кои длабоко би го погодиле и би го бламирале Кремљ. Москва реагираше со огорчување.

Во синоќешниот медиумски извештај не беа споменати конкретни стратегии, но ЦИА веќе почнала подготовка и избрала потенцијални цели. Поренешен соработник на ЦИА тврди дека тајната служба располага со документи кои на виделина би можеле да ја извадат дволичната тактика на рускиот претседател Владимир Путин. Американскиот потпретседател Џо Бајден за ЕнБиСи изјави: Ќе испратиме порака до Русија, и тоа во момент по наш избор и под услови кои ќе имаат огромно влијание“. На прашањето дали јавноста ќе дознае за овој чекор, Бајден одговори: „Се надевам дека нема.“

Надворешнополитичкиот советник на Путин, Јури Ушаков ги критикуваше наводните планови: „Ова веќе се граничи со суровост. Ако тоа се случи, секако ќе следи наша реакција“, изјави тој за агенцијата Интертас.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e