Роднина на Харадинај го избоделе со нож, а главата му ја удирале со метална палка

Неколку маскирани напаѓачи нападнале две лица на автобуска станица во Пеќ и им нанеле повреди со нож и метални предмети.

Еден од нападнатите е Е.Х. роден во 2001 година, инаку роднина на Рамуш Харадинај кој живее во тој град.

Како што пишуваат приштинските медиуми, нападот се случил во околу 17 часот. На лице место дошла полиција, а повредените момчиња биле пренесени во болница. На едното му била укажана хируршка помош, а другиот брзо бил пуштен дома.

-Повредениот има рана на главата и нозете, но животот не му е загрозен – изјавиле од болницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e