Пукотница на северот од Косово

Припадници на специјалната косовска полиција РОСУ денеска околу 11:30 часот пукале на пункт на мостот Бистрица, на патот Косовска Митровица-Лепосавиќ, во возило во кое се наоѓале двајца Срби, соопшти Српската канцеларија за Косово.

Во таа прилика, како што наведоа, бил ранет Миљан Д., додека неговиот совозач Душан С. Е е неповреден. Автомобилот бил изрешетан, јавуваат српските медиуми. Миљан е застрелан во левата страна на градниот кош и има прострелна рана и итно е пренесен во болницата во Краљево, се вели во соопштението, пренесува Н1.

„Припадниците на РОСУ со рафални истрели пукаа кон српското возило и Србите во него само затоа што не сакаа да дозволат РОСУ да ги малтретира без никаква основа и причина“, се вели во соопштението. Како што нагласува српската Канцеларија за Косово и Метохија, специјалците на Курти „нема што да бараат на северот на Косово, ниту на овој контролен пункт, кој е незаконски поставен и од кој го малтретираат српскиот народ кој секојдневно поминува .

Косовската полиција (КП) соопшти дека на контролниот пункт се обидела да го запре возилото што удрило во нивното и дека полицајците пукале бидејќи нивните животи биле во опасност.

„Денеска во Бистрица Лепосавиќ на пунктот на службена должност била распоредена полициска единица со цел одржување на јавниот ред и безбедност, како и спречување на кривични дела и шверц. Полициската единица која била на пунктот се обидела да запре автомобил при вршење на полициска должност, кој при движење удрил во возило на косовската полиција, директно загрозувајќи ги животите на полициските службеници, кои за да ја неутрализираат опасноста по нив пукале од огненото оружје“, се наведува во соопштението на КП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e