Пронајдени се татко и две деца мртви во базен

Три члена на британско семејство, татко и две деца, биле пронајдени мртви во базен во туристичкиот комплекс Коста дел Сол, каде престојувале во јужна Шпанија.

Регионалната влада на Андалузија објави на Твитер дека полицијата пристигнала на лице место во Михас, во близина на Малага, по телефон, во вторникот во раните попладневни часови. Во базенот, полицијата ги пронајде телата на 53-годишен маж, момче од 16 години и девојче од девет.

„Полицајците откриле дека тројца се мртви и ништо не може да се стори“, се вели во соопштението.

Локалните медиуми објавија, повикувајќи се на изјави на сведоци, дека таткото и неговиот 16-годишен син скокнале во базенот за да му помогнат на давената девојка, но дека сите тројца се удавиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e