Двајца вонредни професори на државниот универзитет Хендерсон во Арканзас се уапсени заради производство на метамфетамини во лабораторијата на оваа високообразовна установа.
Тие би можеле да бидат обвинети за производство на метамфетамини и употреба на универзитетските простории во незаконски цели, пренесува Ен-Би-Си њуз.
Универзитетот соопшти дека тие се отстранети од должноста уште во октомври откако во лабораторијата се забележани необични мириси.
По полициската истрага во лабораторијата е откриено зголемено ниво на бензил хлорид кој официјално е окарактеризиран како хемикалија која се користи за производство на метамфетамин.