При експлозија на бомбаш самоубиец во Авганистан загинаа најмалку 20 лица

Бомбаш самоубиец, член на екстремистичката организација Исламска држава, уби 20 луѓе, меѓу кои и командант на талибанците во северен Авганистан, соопшти денеска авганистански официјален претставник.

Нападот се случи за време на состанокот на постари луѓе од селото со талибански официјални лица во областа, објави АП.

Од друга страна, шефот на провинцискиот совет, Мохамед Нур Рахман, изјави дека експлозијата се случила во џамија за време на погреб.

Областа во која се случи нападот е далеку, па невозможно е точно да се утврди како се случил нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e