Бројот на жртвите од земјотресот што го погоди индонезискиот остров Ломбок пред повеќе од една недела постојано се зголемува. Според последните информации од индонезиските власти, бројот на загинати се искачил на повеќе од 430 луѓе, а владата ја проценува материјална штета на повеќе стотици милиони долари.
Државната агенција за катастрофи во земјата објави дека во земјотресот што земјата ја погоди на 5 август починале 436 лица, од кои повеќето животот го загубиле поради уривање на станбените објекти.
Првиот земјотрес што го погоди островот беше со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала, а неколку дена подоцна Ломбок беше погоден од уште еден земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер.