Најмалку 16 луѓе загинаа, а по 30 се трага кога брод со 160 мигранти потона кај брегот на северен Кипар. Како што пренесе турската државна агенција „Анадолија“, турската и севернокипарската крајбрежна стража спасиле 101 човек со помош на трговските бродови во таа област, пренесе „Ројтерс“.
Бродот ноќеска бил откриен со радар, а потонал рано утрово, објави весникот „Хуриет“.
Според информациите, во тек е потрага по исчезнати мигранти, кои се наоѓале на бродот.