Помпео: САД и Црна Гора го заштитија светот од рускиот софтвер

Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека САД и Црна Гора успеале да го заштитат светот од „рускиот малициозен софтвер“.

Тој ова го рече на конференција по состанокот со црногорскиот премиер Душко Марковиќ.

– Благодарение на директната соработка на САД со Црна Гора во областа на кибер безбедноста, ние успеавме да развиеме заштита од најновиот руски малвер софтвер, а која штити милијарди уреди ширум светот, рече Помпео.

Помпео денеска се состана со црногорскиот државен лидер во Подгорица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e