Полицијата уапси маж кој држеше 15 заложници во супермаркет во Белгија

Вооружен маж држел 15 лица како заложници во супермаркет „Карфур“ во предградие во Белгија, соопшти полицијата.

Локалните медиуми јавуваат дека заложничката драма почнала околу седум часот попладне откако напаѓачот не успеал во својот план да го ограбат објектот.

Очевидци на телевизијата „ВРТ“ изјавија дека напаѓачот се заканувал со нож.

Полициски единици веднаш пристигнале на местото на инцидентот и набрзо успеале да го разоружат напаѓачот и да ги ослободат заложниците.

Засега нема индиции дека киднаперот подготвувал терористички напад, но полицијата е во состојба на зголемена готовност, особено по последниот напад на меѓународниот аеродром и на метро-станицата во Брисел, извршен во март годинава.

Мета

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e