Полицијата откри над 100 килограми кокаин

Грчката полиција го објави билансот за акцијата која ја имаше за разбивање на меѓународната криминална мрежа за трговија со дрога откри и запленети над 104 килограми кокаин, како и над 828.000 евра. Уапсени се тројца странски државјани.

Дрогата била пронајдена во стан во атинска населба, спакувана во 102 посебни пакувања, а според полицијата кокаинот бил пронајден скриен во рерна, во сад со песок и во фиоки.

Според процената на грчката полиција, вредноста на запленетата дрога изнесува над пет милиони евра.

Според грчките медиуми, меѓу уапсените двајца се албански и еден хрватски државјанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e