Пет лица настрадаа во пожар

Руските власти соопштија дека во пожар што зафатил приватна куќа во Ленинградскиот регион загинале пет лица, од кои три деца помали од пет години.

Остатоците на местото на пожарот се расчистени и истрагата е во тек, соопштува главната дирекција за овој регион при Министерсво за вонредни состојби.

Причините за пожарот се уште не се познати.

Според Министерството за вонредни состојби, рано утрово е примен извештај за пожарот, кој зафатил 30 метри квадратни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e