Француската компанија за интернет и телекомуникации „Оранж” е прогласена за виновна поради неколку самоубиства на работници што се случија додека фирмата поминуваше низ процесот на приватизација.
Парискиот суд го казни „Оранж со 75.000 евра, а поранешниот директор Дидие Ломбар е осуден на четири месеци затвор и 15.000 евра парична казна.
Останатите директори исто така се осудени на затвор и по илјада евра парична казна.
Одлуката за тоа дали компанијата ќе треба да плати отштета од два милиона евра се уште се чека.
Обвинителите наведоа најмалку 18 самоубиства и 13 обиди за самоубиство во периодот од април 2008 до јуни 2010 година.
„Оранж” сè уште е доминантна француска телефонска компанија и работи во 26 земји низ Европа, Блискиот исток и Африка.