Пожарите што беснеат во Калифорнија во регионот Шаста, во комбинација со силните ветрови формирале огнено торнадо кое ги гори и корне дрвајата, превртува автомобили и куќи.
“Гледаме огнени вртлози кои наликуваат на торнадо„, им рекол на новинарите директорот на калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари Кен Пимлот.
Најмалку 500 згради изгореа во шумските пожари во во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, а 5.000 се под закана. Најголем е пожарот во реонот на Рединг, кој се шири брзо поради сувото време и силните ветрови. Пожарот избувна во понеделникот и зафати површина од 180 километри квадратни.