Најмладата премиерка на светот Сана Марин, која има само 34 години, сака да го скрати работното време во својата земја.
Се’ повеќе компании настојуваат да ја зголемат продуктивноста со нагласување на рамнотежата помеѓу работното време и приватниот живот, па така идејата за скратена работна седмица станува се’ повообичаена.
„Четиридневна работна седмица, шестчасовен работен ден. Зошто тоа да не би можело да биде следниот чекор? Дали осумчасовното работно време е засекогаш дефинирано? Верувам дека луѓето заслужуваат да поминат повеќе време со своето семјство и саканите, занимавајќи се со своето хоби и другите аспекти од животот како на пример културата. Тоа би можело да биде нашето следно скалило за нас во работниот свет“ – изјавила неодамна Сан Марин за весникот “Helsinki Times“.