Нова брутална видео снимка на IS, турски војници спалени живи

Терористичката организација Исламска држава (IS), во четвртокот објавила вознемирувачка видео снимка на која се гледа како двајца турски војници се спалени живи во Алепо, пренесуваат светските медиуми.

Џихадистите на снимката наведуваат дека чинот е „освета за учеството на Турција во борбата против муслиманите. На видеото најпрво двајцата војници се во кафез, а потоа џихадистите ги врзуваат војниците како кучиња. Џихадистите ги обвиниле турската влада и претседателот Реџеп Тајип Ердоган за „спалување на муслиманите“, по што и самите ги спалуваат војниците.

Како што пренесува Russia today, снимката е со добра квалитет, снимена од неколку агли и висока резолуција, додека во позадина може да се слушне религиозна мелодија. Автентичноста на снимката се уште не е потврдена, додава рускиот медиум. Сириските активисти наведуваат дека еден од војниците на снимката е најверојатно Сефтер Тас, турски војник кој е киднапиран од страна на IS пред една година.

Снимката потсетува на трагичната смрт на јорданскиот пилот Муаз ал-Казабех во 2015-та година. Јорданските претставници тогаш се обидоа да преговараат и за пилотот да разменат двајца терористи, но IS објави брутална снимка на која се гледа како Јорданец во кафез е спален жив. Турција официјално влезе во Сирија на 24-ти август, спроведувајќи ја акцијата „Штитот на Еуфрат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e