Најмалку една жртва и десетици повредени по земјотресот во Турција

Силен земјотрес од 6,1 степен вчеравечер ја погоди Турција.

Земјотресот кој се случи во близина на Синдгири и Баликесир, западна Турција со длабочина од шест километри предизвика сериозни штети но одзеде и една жртва.

Според официјалните податоци, едно лице загинало, додека најмалку 29 лица се повредени, претежно полесно. Локалните власти наведуваат дека повеќе од 15 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот, главно во Синдирги и околните области

По ова следеа неколку последователни потреси со јачина од 3,8 и 3,4 степени според Рихтеровата скала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e