Најчевска: Борбата за решавање на проблемот со кучињата скитници не е дел од борбата против климатските промени

Интересно е дека ни од далеку не се јавија толкав голем број возбудени и загрижени и хумани луѓе кога пишував за проблемот со емигрантите (за тоа дека гинат по железничките пруги, дека ги мамат, крадат, силуваат и убиваат) како што се јавија во одбрана на кучињата скитници.
Јок.
Не се јавуваат ниту за проблемите на текстилните работнички и работници.
Не.
Не се јавуваат вака возбудено разџавгани ниту за инклузијата на децата со попреченост во редовното образование.
Ни за сиромаштијата од која се умира во Македонија.
Мислам дека треба истиот став да го заземете и спрема систематското уништување на глувците и стаорците во градот. Да се спречи било каква дератизација затоа што на таков начин се убиваат живинчиња. И не сте бре вие богови да решавате кое животно треба да живее а кое не (како што ми соопшти една загрижена кучкарка).
Мислам дека онаа што ме прогласи за фашист затоа што барам решавање на овој проблем со хумана еутаназија треба да изгради постојан стационар и прибежиште за сите стаорци кои се изложени на мачење и тортура од страна на луѓето.
Дајте бре малку почнете да размислувате со мозок пред да тресете зелени.
И НЕ, БОРБАТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ НЕ Е ДЕЛ ОД БОРБАТА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ.

ФБ статус на Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e