– Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, синоќа соопшти дека за него и неговата партија преговорите со Самоопределување не се пропаднати, како што наведе Албин Курти.
Мустафа во објава на Фејсбук наведе дека преговорите со Самоопределување не биле лесни и дека партнерот на масата, во некои случаи, ги игнорирал правилата кои биле договорени.
„За ДСК и за мене преговорите не пропаднаа. Стратегијата на Самоопределување во јавноста да обезбеди епитет на страна која во преговорите е принципиелна и великодушна не успеаја“, наведе Мустафа и додаде дека пропаднале и нивните обиди вината да ја префрлат врз ДСК.
Тој наведе дека ниту едно тврдење од ДСК не може да се третира како барање на Самоопределување , бидејќи Самоопределување не го освои сите гласови туку околу една четвртина од нив, а речиси исто толку освои и ДСК. Мустафа додаде дека затоа барањата на ДСК се состоеја и ќе се состојат од избалансирана поделба на одговорноста, во согласност со исходот од изборите на 6 октомври.
„Самоопределување вечерва навести дека е подготвено да се заложи за поддршка на кандидатот на ДСК за претседател на земјата, но и дека ќе бара поголоемо учество во владата. Ова не е принцип, туку обид да се добие повеќе“, осени Мустафа.