Министрите за финансии на ЕУ ја поддржаа одлуката на ЕК за данокот на „Apple“

Министрите за финансии на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) денеска на состанокот во Братислава, ја поддржаа одлуката на Европската комисија (ЕК) дека компанијата „Apple“ треба да плати неколку милијарди евра поради неплатениот данок во Ирска, пренесуваат светските агенции.

Холандскиот министер за финансии Јерун Дајселблум и неколкумина негови колеги го повикаа „Apple“ да го плати износот, кој, според аналитичарите, со каматата би можел да достигне околу 19 милијарди евра.

Дајселблум пред новинарите изјавил дека „меѓународните компании имаат обврска да плаќаат данок на праведен начин“.

Тој додал дека меѓународните даночни „дупки“ се минато и дека „Apple“ мора да плаќа данок и во САД и во Европа, порачувајќи и на компанијата да биде „подготвена за тоа“.

За потсетување, “Apple” од владата на Ирска, беше добил огромно даночно ослободување како стимулација за нови работни места од со данок само од 0,05%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e