Мицотакис и Трамп на средба во Вашингтон на 7-ми јануари

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис заминува во Вашингтон на 7-ми јануари за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Катимерини.

Посетата на Белата куќа доаѓа во особено критично време за Грција, кога огромен број илегални имигранти пристигнуваат секој ден на егејските острови.

Ситуацијата е дополнително засилена со сондажите на Турција во ексклузивната економска зона на Кипар, како и со инсистирањето на Анкара за меморандум за разбирање со Либија, чија цел е да се разграничат поморските зони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e