Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека некои од воените акции во Сирија се граничат со воени злочини.
Меркел додаде дека бомбардирањето на болници и подземни објекти во Алепо се нехумани.
– Мислам дека тоа се граничи со воени злосторства, а дали се навистина тоа нека одлучи Меѓународниот суд на правдата. Сега единствено важно е сето тоа да се запре и да се премине на политички процес – изјави канцеларката.
Меркел коментирајќи ги разговорите помеѓу Русија и САД рече дека досегашните разговори за жал не довеле до траен прекин на огнот.
За поврзани вести продолжете надолу