Сојузното министерство за јавна безбедност соопштило дека се убиени 14 полицајци, додека пак министерството во таа сојузна држава изјавило дека потврдена е смртта на 13 од нив, а тројца се повредени.
Полицајците работеле во близина на градот Агуахе, кога наоружани цивили врз нив отвориле оган, пренесува Ројтерс.
Сојузното министерство за јавна безбедност соопштило на твитер-профилот дека ќе ги искористат сите средства за да ги пронајдат сторителите на едно од најкрвавото злосторство од како минатиот декември дојде претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор.
Државата Мичоакан веќе подолго време е центар за конфликт меѓу нарко картелите.