Со нападите врз североисточниот дел на Сирија, Турција „ризикува натамошна дестабилизација на регионот“ и заживување на Исламска држава, смета германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.
„Сирија има потреба од стабилност и политички процес. Меѓутоа, турската офанзива сега се заканува да предизвика нова хуманитарна криза, порача Маас, додавајќи дека Берлин ќе „апелира до Турција да ја прекине својата офанзива“ и да ги обезбеди своите интереси во областа на безбедноста на мирен начин.