Лагард именувана за нова претседателка на ЕЦБ од страна на лидерите на ЕУ

Лидерите на Европска Унија денеска го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ).

Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година.

Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри и ЕЦБ.

Европската централна банка ја одредува монетарната политика за 19 земји членки на евро зоната, кои го користат еврото како валута.

Лагард ќе ја преземе должноста на 1 ноември и ќе има еден осумгодишен мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e