Кутивче со накит го откри серискиот убиец кој задушувал старици и ги ограбувал

Полицијата од Тексас уапси 46 годишен маж , кој влегувал во собите на старици во домови за стари лица , ги задушувал и потоа им ги крадел вредните предмети.

Американецот Били Чемирмир се претставувал како хаусмајстор и влегувал во собите на старици со над 90 годишна возраст и ги задушувал со перница. Поради возраста полицијата сметала дека стариците починале од природна смрт.

Но , 91- годишната старица од Тексас го преживеала нападот. Крадецот и наредил да легне во креветот , каде ја врзал и ја притиснал со перница. Но , старицата останала жива , зашто случајно дошле кај неа пријатели и повикале итна помош . Таа забележала дека и е украдено кутивчето со накит.

Полицијата почнала да истражува и стигнале до 46 годишниот маж. Почанале да го следат и една вечер го виделе како во кантата за смет ја фрла кутијата за накит на Тексашанката.

Во неа нашле ливче со адреса на 81 – годишната Лу Ти Харис. Отишле таму и го нашле безживотното тело на старицата , задавена со перница.Успеале да го поврзат со три убиства во последните години , но потоа полицијата почнала истрага за околу 1000 убиства на старици во последните две години .

На тој начин , за неколку дена покренале обвинение за уште шест убиства на старици , за кои се сомничи Чемирмир. Кај него нашле накит и мобилни кои им припаѓале на жртвите.

Сите жени биле на возраст од 76 до 94 години во округот Далас во Тексас, а уште пет биле убиени во округот Колин . Чемирмир е од Кенија и има полициско досие во Далас за возење во пијана состојба.

Тој е притворен со кауција од 9,1 милиони долари , а бидејќи е илегално во САД , било побарано дополнително да се држи во притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e