Курти и Османи разговарале за подготовките за преземање на власта

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, се сретна попладнево со потпретседателката на Демократскиот сојуз на Косово Вјоса Османи.

Тој, преку својата страница на Фејсбук, информира дека со носителката на листата на ЛДК на изборите од 6 октомври разговарал за подготовките за преземање на власта и изрази уверување дека „Косово ќе излезе од кризата и ќе напредува“.

„Заедно со Вјоса денеска разговаравме за подготовките за новата влада и за предизвиците кои ни претстојат. Косово ќе излезе од кризата и ќе напредува. Нашата соработка е наша определба. Добрите намери и добрата работа се наша одговорност кон граѓаните на Републиката и институциите на државата“, напиша Курти.

Двете досега опозициски партии победија на вонредните парламентарни избори во Косово, при што ВВ освои околу 25,5 отсто од гласовите, додека ЛДК околу еден отсто помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e