Кралицата Елизабета го поддржа Џонсон

„Приоритет на Британската Влада е да ја напушти Европската унија на 31 октомври“, изјави англиската кралица Елизабета Втора.

Говорејќи пред парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата Елизабета Втора го поддржи планот на премиерот Борис Џонсон да „работи на новото партнерство со Европската Унија, заоснована на трговна и пријателска соработка“, пренесува Ројтерс.

Кралицата додала дека британската влада, по излезот од ЕУ, обезбедува државата и понатаму да има водечка улога во светските работи, како и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесува BBC.

„Мојата влада ќе биде во првите редови при решавање на најкомплексни меѓународни безбедносни проблеми“, истакна Кралицата.

По говорот, кралицата Елизабета Втора се врати во Бакингемската палата, а меѓу присутните во парламентот беше и поранешната премиерка Тереза Меј,објавија БИ-БИ-Си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e