Кога маж во Рочестер, американската сојузна држава Њујорк одлучил да провали во куќата на 82-годишната баба Вили Марфи не ни помислил дека тоа ќе му се одбие од глава, ама буквално.
Во изјава за медиумите бабата раскажала што се случило. Кажала дека се подготвувала да спие кога некој почнал да тропа по вратата и да моли да повика брза помош за него.
Рекла дека ќе повика полиција и не го пуштила мажот во куќата, но тој тогаш се налутил и провалил низ врата.
„Избра погрешна куќа во која ќе провали. Полумрачно е сама сум и стара. Но Се уште сум јака“, кажала Вили покажувајќи ги мускулите.
Таа е инаку наградувана бодибилдерка која и во деветата деценија од животот секојдневно вежба во теретана.
Како што вели бабата искористила неколку домашни предмети со кои го нападнала 28-годишниот крадец, почнувајќи од столот. како што вели го скршила од него, а потоа продолжила да го удира со металните ногарки од столот. Потоа неколку пати скокнала врз него, па отишла во кујната, земала детски шампон и го испрскала во лице додека мажот се обидувал да стане.
Но ниту тука не било крај. Вили тогаш ја земала метлата и продолжила да го удира. Многу брзо потоа стигнала полицијата, како и брзата помош и го одвела крадецот.