Космонаути на НАСА на работа во „вселенски вакуум“ (Видео)

Космонаути на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) во моментот извршуваат работни задачи во отворен Космос на Меѓународната вселенска станица. Кристина Кук и Ендрју Морган изведуваат замена на батерии на соларните антени на станицата. НАСА го најави нивното излегување „во вакуумот на вселената“.

„Тандемот ќе работи надвор во вакуумот на вселената околу шест часа и 30 минути“, изјавија од агенцијата.

Планот на НАСА предвидува излези во отворен космос на пет дати во октомври и уште пет излеза се планирани за ноември. Тоа се работни задолженија за ремонт и модернизација на алфа-магнетниот спектометар кој се наоѓа на надворешната површина на МВС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e