Комесарот на Обединети нации за човекови права го обвини Трамп

Комесарот на Обединетите нации за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин, ги обвини американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и европските националисти и популисти, за ширење омраза и страв.

Хусеин кој зборуваше на конференцијата за безбедност во Хаг, го нарече холандскиот крајно десничарски политичар Герт Вилдерс  „демагог и политички фантазер„. За него Хусеин вели дека своето „лицемерие го користи како политичко оружје„ и во редот на таквите политичари ги спомена и Трамп, Британецот Најџел Фараж, лидерот на францускиот Национален фронт Марин ле Пен, но и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

 На промоцијата на Фондацијата за мир, правда и безбедност, комесарот на ОН за човекови права остро го нападна политичкиот манифест на Вилдерс во кој овој холандски десничар најавува дека долколку победи на парламентарни избори, ќе ги затвори сите џамии во Холандија, ќе го  забрани коранот и ќе ги протера сите муслимански имигранти.

Вилдерс зборуваше и на еден од митинзите на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, во САД,  исто како што пред него зборуваше и Фараж, лидер на заминување на антиевропската и антиимигрантска Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП).

„Пред една деценија, ваквиот манифест на Вилдерс и неговиот говор пред приврзениците на Републиканската партија на САД, ќе предизвикаше бурна реакција во светската јавност, но сега тоа се пречекува со млака, или безначајна реакција, дури и во самата Холандија„- рече Хусеин во Хаг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e