DEFCON (Defence Condition) е мерка за степенот на подготвеност на американските вооружени сили. Овој систем ја проценува моменталната опасност од војна, а истата е овие денови подигната на степен 3 (од можни 5). Стандардното DEFCON ниво во „идеални“ услови е 5, а степенот се намалува ако опасноста се зголемува.
DEFCON проценува дека на Соеднетите Американски Држави моментално не им се заканува директна опасност, но се смета дека ситуацијата крајно нестабилна и може да се промени кон полошо во секој момент.

Според DEFCON, дека може да се случи голем конфликт, можно е да се види на сите геополитички жаришта – во Сирија, Јемен, Украина, на Филипините. Сепак, Сирија е наведена како најопасното место од каде што може да започне голем судир.
Се истакнува дека американските власти отворено ја обвинија Русија за сајбернапади и мешање во американската претседателска кампања, а деновиве САД и Велика Британија ја разгледуваат можноста за воведување на дополнителни санкции за Русија поради воениот ангажман на Москва во Сирија, односно операцијата во Алепо.

Дипломатските односи се доста напнати, а закани за војна пристигнуваат од сите страни. Руските медиуми на некој начин веќе им имаат испратено порака на своите граѓани да се подготват за нуклеарна војна, а во Русија неодамна беа спроведени акции за цивилна заштита и беше извршена проверка на атомски скривалишта.
Сето тоа упатува на една сериозна ситуација која што лесно може да излезе од контрола, пишува американски DEFCON со препорака до американските граѓани да ги превземат сите потребни мерки во случај на нуклеарна војна.
За поврзани вести продолжете надолу