35-годишен капитен, припадник на армијата на Кипар, признал дека убил пет жени и две деца. Повеќето од нив се со азиско потекло, а две од нив се Филипинки. Телата биле пронајдени во напуштен рудник, а полицијата и натаму трага по телата.
Се претпоставува дека три од телата биле фрлени во езерото Меми во Хулиато, со оглед дека две веќе биле најдени и идентификувани. По третото нуркачка екипа и полицијата и натаму трага.
Полицијата вчера потврди дека капетанот го признал убиството на две Филипинки на возраст од 38 и 28 години. Меѓутоа истрагате се прошири на уште пет жени, меѓу кои и две девојчиња, ќерки на една од жртвите.