Камион удрил во куќа и речиси целосно ја урнал

Невообичаена сообраќајна несреќа се случила утринава околу 6 часот во Дервишага, во близина на Пожега, кога камион со приколка излетал од патот и удрил во куќа.

Од силината на ударот куќата речиси се урнала, објавија хрватските медиуми.

Инцидентот, најверојатно, е последица на неприлагодена брзина кон условите на патот, пренесе „Јутарњи лист“.

По ударот, камионот ја уништил и оградата на соседната куќа и застанал во дворот.

Сопственичката на срушената куќа имала среќа да заспие во кујната бидејќи доколку спиела во спалната соба, не би ја преживеала несреќата, бидејќи таа просторија била речиси целосно уништена, објави хрватскиот весник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e