Хрватските медиуми јавуваат дека десничарската ХДЗ која на одржаните предвремени парламентарни избори во недела освои 61 пратеник, е многу блиску до договор со Мост.
Веќе за денеска е закажана средба на делегации од двете партии за преговарање за идната влада.
Забрана за кандидирање за јавни функции на лица кои извршиле тешки кривични дела, измена на законите за Хрватската радиотелевизија и за платите во органите на локалната самоуправа, укинување на даноците за мали и средни претпријатија, демократизација на хрватскиот политички и изборен систем се дел од условите кои третопласираниот Мост ги постави на преговорите со партијата која освои најмногу пратенички мандати, ХДЗ.
Доколку сакаат да формираат влада, на овие две партии ќе им бидат потребни уште неколку мандати од помалите десничарски партии или малцинските заедници.