Изборен молк пред утрешното гласање: Седми повеќепартиски избори на Косово

Косовските граѓани утре (недела, 6 октомври) ќе гласаат на вонредни парламентарни избори. Кампањата за овие, седми по ред, повеќепартиски избори започна на 25 септември, а за следење на изборната кампања и на самиот процес на гласање се акредитирани околу 33.000 набљудувачи, сметајќи ги претставници на партиите во гласачките комисии, претставници на невладините организации, меѓународни специјализирани организации што се занимаваат со избори и човекови права и слободи, итн. 

На годинашните избори учествуваат 25 политички субјекти кои доставија свои листи до Централната изборна комисија (ЦИК), од кои 20 партии, четири кoалиции и еден независен кандидат. За 120. места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати.

Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави ЦИК, имаат 1.937.868 милион лица, што е за околу 65 илјади повеќе во споредба со последниот изборен процес во земјата, односно, локалните избори од 22 октомври 2017 година.

Овие вонредни парламентарни избори во Косово се распишаа по оставката на премиерот Рамуш Харадинај во јули оваа година по што Собранието се самораспушти во минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e