Индија: Пронајдено живо женско бебе закопано во земја 

На северот на Индија пронајдено е закопано живо бебе. Девојчето било пронајдено од селанец кој копал гроб за сопственото дете, пишува BBC.

Шефот на локалната полиција Абинандан Синг истакнал дека девојчето било ставено во земјен ќуп, како и дека веднаш е префрлена во болница.

„Додека копавме гроб за детето, на длабочина од три метри, лопатата удри во земјен ќуп, па веднаш го извадивме. Во него лежеше дете. Полицијата го однесе во градската болница каде ја лекуваат“, објаснил Синг.

Тој додал дека полицијата покренала истрага за инцидентот.

„Ги бараме родителите на девојчето и веруваме дека тие дале согласност за ова“, изјавил Синг за новинарите.

Како се наведува, жените во Индија се често социјално дискриминирани, а девојчињата се сметаат за финансиски товар, посебно во сиромашните заедници, па не е реткост мајките да прават абортус во случај да носат женско дете и тоа со нелегални средства, или во некој ситуации девојчињата се убиваат веднаш после раѓањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e