Хрват дознал дека е „мртов“ на бензинска, му ги блокирале картичките и не можел да плати

Хрватот Ненад Марковиќ бил официјално прогласен за починат на 16 март, иако е жив. За шокантната грешка дознал дури на 19 март, сосема случајно, кога на бензинска пумпа се обидел да надополни телефонски ваучер, но трансакцијата била одбиена поради блокирана картичка.
Следниот ден, 20 март, посетил банки каде му било соопштено дека сите сметки му се блокирани бидејќи во системот е заведeн како починато лице.
Причината за оваа ситуација е сериозна грешка во Општа болница Вировитица, каде на ист датум починал друг пациент со исто име и презиме. При евидентирањето, наместо неговите податоци, бил внесен матичниот број на Марковиќ, со што бил заменет идентитетот.
Дополнително, постојат индикации дека починатиот пациент бил лекуван под туѓ идентитет, односно со здравствени податоци на Марковиќ.
Хрватско здружение за промоција на правата на пациентите остро реагираше, оценувајќи го случајот како „незамислив и недозволив во 21 век“. Тие предупредуваат на сериозни пропусти во здравствениот систем, нефункционални контроли и непочитување на протоколите за идентификација на пациентите.
Од здружението бараат итна и независна истрага, утврдување на одговорност и воведување построги механизми за да се спречат вакви грешки, кои директно ја загрозуваат безбедноста и достоинството на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e