Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, вчера го удри пратеникот на НСРС, Драшко Станивуковиќ, по расправијата околу знамињата на НАТО во Собранието.
За време на говорот во Националното собрание на РС, каде се одржува специјална сесија за програмата за реформи во БиХ, Лукач му се обрати на Станивуковиќ, кој со неколку други членови на опозицијата донесе мали знамиња на НАТО во салата на Собранието.
Знамињата се протест затоа што Станивуковиќ смета дека со потпишувањето на Реформската програма, испратена до седиштето на НАТО, Додик ја поништил „воената неутралност на РС“.
Сепак, Лукач имаше поинакво мислење за знамињата.
„Додека се борев, над мојата глава летаа авионите на НАТО. Јас гледав дали ќе ми се појават бомби над мојата глава. Вие не можете да ги донесете овие знамиња. Тогаш бевте мали, но сега треба да знаете некои работи. Не го правте тоа, во спротивно ќе завршите како знамињата“, рече Лукач.
Потоа, Станивуковиќ му пријде на Лукач, со намера да добие објаснување, а потоа го удри.
Седницата беше кратко одложена по овој инцидент.