Северна Македонија и Албанија испорачаа, сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето, објави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на неговиот налог на Твитер. Ова всушност доаѓа како негов одговор на твитот на лидерите на ЕУ, во кој тие даваат поддршка за почеток на преговорите со двете земји.
„Северна Македонијаи Албанија испорачаа. Сега е крајно време и земјите-членки да го испорачаат своето! Благодарност до лидерите на ЕУ за нивниот цврст став за почеток на преговори со двете земји во октомври“, им ретвитна Хан на европските лидери.
На социјалната мрежа Твитер, Хан потсети на пораката на лидерите на ЕУ упатена до земјите-членки, кои треба да ја донесат конечната одлука на 17 и 18 октомври.