Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази длабока загриженост за ситуацијата во североисточниот дел на Сирија каде е насочена турска воена интервенција што започна денеска. Тоа го соопшти заменикот на официјалниот претставник на генералниот секретар, Фархан Хак.
„Сите воени операции треба да се спроведуваат согласно уставот на ОН и нормите на меѓународното хуманитарно право и треба да се гарантира безбедноста на граѓаните и цивилната инфраструктура, устакна Хак.
Според него, генералниот секретар Гутереш нагласил дека конфликтот во Сирија не треба да се решава со повеќе воени активности.