Грчка осуда на турските воени операции во Сирија

Грција целосно се согласува со позицијата на Европската унија и ја осуди новата еднострана воена акција на Турција на територија на суверена држава и ја повикува веднаш да стави крај на воените операции во североисточна Сирија, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.
Од грчкото МНР велат дека операциите што го прекршуваат меѓународното право, “ја поткопуваат стабилноста во регионот и ги стават во опасност напорите на ОН за решение”, но и дека префрлањето на населението и насилната промена на демографските факти се директно кршење на меѓународното право
„Потенцираме дека одржливо решение за сирискиот конфликт не може да се постигне со воени средства“, пишува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Грција во врска со воената операција на Турција во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e