Ѓуриќ: Граѓаните и меѓународната заедница треба да знаат кој ја уништи секоја можност за договор

„Албин Курти јавно да каже дека не сака да ги применува обрвските на Приштина кон Србите, бидејќи, ако е така, тогаш ни ние немаме веќе обврска кон Приштина“, истакнува во соопштението директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ.

Тој го повикува лидерот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти јасно и гласно да каже дека за него резултатите од Бриселскиот дијалог не се обврзувачки.

„И граѓаните на Косово и меѓународната заедница треба да знаат кој ја уништил секоја можност Белград и Приштина со договор да ги решат несогласувањата“, посочил директорот.

Ѓуриќ наведува дека Курти опсесивно се занимава со Србија и Србите и да побара лекарска помош поради опседнување со идејата за прогон на се што е српско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e