Германка својата ќерка ја чувала во кутија за кучиња, потоа ја терала да трча боса по автомобилот

Болничарката Андреа К. која има 44 години, судот во Хановер ја осуди на затворска казна од две и пол години, поради обвинение дека цела година физички и психички ја малтретирала својата 9 годишна ќерка.

Болничарката својата најстара ќерка ја чувала затворена во кутија за кучиња во време од три часа, и ставала електрична жица околу врат и ја изложувала на слаби струјни напади. Покрај тоа таа ја однела својата ќерка во шума и ја оставила да трча боса по автомобилот, објави германски „Билд“.

Државниот правобранител побара казна затвор од пет години, а судијата Штефан Локе ја коментираше одлуката на покраинскиот суд да изрече помала казна од две и пол години затвор: „Долго размислувавме каква одлука да донесеме за овој случај, но да се одреди соодветна казна за родител кој го злоупотребува своето дете е речиси невозможно“.

И покрај душевната болка која ја претрпело девојчето, судот не прифати дека Андреа К. намерно го злоупотребила своето дете и го прогласи делото што го сторила за прекршочен престап. „Пресудата можеби требаше да биде различна“,изјавиле од канцеларијата на државниот правобранител.

„Девојчето ќе мора да оди на терапии една година, а последиците од злоупотребата што ја претрпело веројатно ќе ги чувствува целиот живот“, рекле од таму.

Болничарката прво  ги негираше обвинувањата, но на крајот се изјаснила и ја признала својата вина со зборовите: „Признавам дека погрешив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e