Синагога во белгискиот град Лиеж е оштетена од експлозија што се случи рано наутро во понеделник, објавија белгиските телевизиски куќи VRT и RTBF, повикувајќи се на локалната полиција. Нема повредени.
Експлозијата, која се случила околу 4 часот наутро по локално време (03:00 GMT), ги искршила прозорците на синагогата, како и на зградата преку улицата.
Властите ја блокираа областа, а специјализиран тим за борба против тероризмот го истражува инцидентот.
Градоначалникот на Лиеж, Вили Демејер, го опиша нападот како „екстремно насилен чин на антисемитизам“ во коментари за RTBF. Полицијата сè уште не ја откри причината за експлозијата.
